Извештај од новата истрага: Бенедикт XVI знаел за злоставувањето на деца, но не реагирал

Точка

20/01/2022

20:15

3.685

Големина на фонт

а а а

Истрагата во Германија покажала дека поранешниот папа Бенедикт XVI знаел за четири случаи на злоставување на деца додека бил надбускип во Минхен. Две се случиле во текот на неговиот мандат.

Истрагата во Германија утврдила дека поранешниот папа Бенедикт XVI не реагирал на злоставувањето на четири деца додека бил надбискуп во Минхен. Таа позиција ја вршел од 1977-ма до 1982-ра година.

Како што јавува "BBC", поранешниот папа ги отфрлил тие обвиненија, но во новиот извештај стои дека му било кажано за злоставувањето на деца, но тој не реагирал.


"Два случаи биле во текот на неговиот мандат. Во двата случаи извршителите останале активни во Црквата", рекол адвокатот Мартин Пуч.

Бенедикт XVI е првиот папа во последните 600 години кој ја напуштил таа позиција во 2013-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг