Астролозите велат дека сте вистинска среќничка доколку вашиот партнер е роден во некој од овие 3 хороскопски знаци бидејќи тие се сметаат за најдобри татковци.
Еве за кои знаци на Зодијакот станува збор:
За сензитивниот Рак семејството е секогаш на прво место. Од првиот ден од бременоста, тој ќе биде постојано покрај вас, ќе ве чува и ќе ви дава добри совети. Кога ќе дојде детето, тогаш започнува најубавиот период од неговиот живот. Вашиот партнер секогаш ќе биде покрај вас и вашите деца и на него секогаш можете да се потпрете.
Мажите родени во знакот на Вага се добри татковци со кои никогаш не ви е здодевно. Тие секогаш се подготвени за забава и сакаат на своите потомци да им го покажуваат и објаснуваат светот на поинаков начин. Без оглед што се најзабавните татковци помеѓу хороскопските знаци, тие знаат да бидат и многу сериозни. Мажите родени во знакот на Вага тежнеат да ги воспитаат децата да бидат емоционално интелигентни и обѕирни личности.
Неговите деца се негова гордост, а Лавот ќе направи едноставно сè што е во негова моќ за да ги заштити. Не може да одбие ниту една нивна желба, па затоа често и ги разгалува. Многу е строг кон себеси бидејќи сака да биде совршен татко, па веќе при раѓањето на детето ја знае цела литература за воспитување на деца напамет.