Џанбатиста Вали ја претстави колекцијата за есен 2022: Парчиња кои зрачат со стил, женственост и вечна елеганција

Точка

19/01/2022

15:59

18.563

Големина на фонт

а а а

Францускиот моден креатор со италијанско потекло, Џанбатиста Вали, ја претстави својата нова колекција за есен 2022 година, а модните парчиња ги воодушевија љубителките на модата и модните критичари.

Елегантните и женствени фустани од софистицирани материјали, заводливите кроеви кои ја „скокоткаат“ фантазијата и совршено носивите модели ги собраа сите симпатии и ја направија ревијата на Вали една од оние за кои долго ќе се зборува.

Покрај атрактивните фустани за свечени прилики, од кои некои можат да се носат и на помалку формални настани, тука се и комбинезоните и комплетите кои се совршени и за на работа и за разни свечености.

Погледнете дел од колекцијата:





Спонзорирани линкови

Маркетинг