„Немаат здравствена логика, создаваат паника“: Дали Израел ги укинува ковид-пропусниците?

Точка

19/01/2022

13:15

3.914

Големина на фонт

а а а

Со ширењето на омикрон, бројот на оние кои се заразени, иако се вакцинирани или веќе го прележале вирусот, нагло пораснал во Израел.

Израел вчера забележал нов дневен рекорд од 65.259 новозаразени, а паралелно со тоа се повела сериозна расправа за укинување на ковид пропусниците.

Против ковид потврдата која во Израел е нарекува "зелена пропусница" истапил и израелскиот министер за финансии Авигдор Либерман, пренесува "The Jerusalim Post".

Либерман вчера со премиерот Нафтали Бенет и министерот за здравство Нитзан Хоровиц и се обратил на јавноста велејќи дека повеќе од 25 милиони домашни брзо антигенски тестови ќе бидат дистрибуирани на Израелците.


После тоа тој се огласил и на Твитер, зборувајќи за ковид пропусниците.

"Нема медицинска ни епидемиолошка логика во зелените пропусници, и нанесуваат штета на економијата и придонесуваат за создавање паника", напишал тој.

Тој потоа додал дека со своите службеници работи на тоа што побрзо да се укинат ковид потврдите и да се сочува рутината.


Ковид пропусниците, кои се уште се на сила во Израел, подразбираат дека само на вакцинираните, на оние кои го прележале вирусот или имаат негативен тест им е дозволено да влегуваат во одредени објекти, а во некои случаи ова се однесува и на одење на работното место.

Со ширењето на омикрон бојот на оние кои се заразени, иако се вакцинирани или веќе го прележале вирусот, нагло пораснал во Израел.


Доколку одлучат да ги укинат ковид потврдите, тоа би била една од најдраматичните промени во начинот на борбата со коронавирусот.

Здравствените работници и експерти, вклучувајќи го и министерот за здравство рекле дека вакцинацијата и закрепнувањето од вирусот и натаму даваат одреден степен на заштита и дека системот на ковид потврди треба да се задржи. Меѓутоа, тие признале дека во некој момент ова прашање би требало повторно да се преиспита.




Спонзорирани линкови

Маркетинг