Го смирува желудникот, ја подобрува дигестијата и го забрзува метаболизмот: Овој напиток е мелем за дигестивниот тракт

Точка

19/01/2022

13:13

19.894

Големина на фонт

а а а

За подготовка на овој напиток ќе ви бидат потребни само 2 состојки, а подобрувањето ќе го почувствувате за многу кратко време.

За овој рецепт ви се потребни 200-300 грама ленено семе. Секоја вечер, прелијте 2 кафени лажички со 2 децилитри вода и поклопете. Оставете го да отстои преку ноќ за лененото семе да пушти блага слуз, а следното утро прецедете и испијте ја течноста.

Еве како ленот делува на организмот:

Лененото семе е богато со протеини, железо и цинк, но и витамини Б1, Б2, Ц, Е и провитамин А.

Се користи како додаток во житарки, а е одличен за лица кои практикуваат диети или лица кои сакаат подобро да го прочистат организмот.


Одличен лаксатив

Бидејќи е богато со масла и влакна, лененото семе е одличен лаксатив. Омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во ленот имаат антивоспалително делување. Многу клинички истражувања покажале дека лененото семе помага во намалување на високиот холестерол и некои срцеви болести.

Го смирува желудникот

Лененото семе е одлично за смирување на желудникот, обновување на слузокожата и подобрување на здравствената состојба.

Во неговата слуз се наоѓаат сите негови лековити својства, а истата ја обложува слузницата на желудникот и штити и ги ублажува воспаленијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг