Каролина Гочева жртва на сајбер криминал: Пејачката 'доделува' големи суми на пари на Фејсбук

Точка

18/01/2022

18:23

14.272

Големина на фонт

а а а

Откако повеќе познати брендови беа вовлечени во измами преку Фејсбук, сега и пејачката Каролина Гочева е предмет на измама преку оваа социјална мрежа.

Досега дел од вакви злоупотреби биле маркетите КАМ, дрогериите ДМ, Макпетрол, Тинекс, како и други брендови.

Гочева на Инстаграм ги предупреди фановите дека на Фејсбук постои лажен профил кој ги користи нејзините фотографии и податоци, а наведува корисници да се регистрираат на сомнителни линкови, за да добијат одредена сума на пари.


Според наградната игра, Каролина доделува од 20.000 до 100.000 денари, начинот на добивка е многу едноставен, а покрај Каролина, во ова „дарување“ е „вклучен“ и сопругот на пејачката, уметникот Михаил Корубин.

На лажниот Фејсбук профил на кој е спроведена лажната наградна игра се поставени фотографии од Kаролина, како и фотографии на кои се прикажани големи суми на пари, евра, долари и секако детално се наведени правилата за учество.




Спонзорирани линкови

Маркетинг