Велосипеди пред автомобили? Германците се привикнуваат на новиот сообраќаен знак, возачите не се среќни

Точка

18/01/2022

15:18

44.230

Големина на фонт

а а а

Станува збор за знак кој забранува претекнување на велосипедисти и мотоциклисти.

Овој сообраќаен знак неодамна бил поставен во Штутгарт, на улица која има и посебна лента за велосипедисти и мотоциклисти, одвоена со испрекината линија.

Бидејќи конфигурацијата на коловозот поради недостаток на широчина на некои места не дозволува нормално поминување на автомобили односно најмалку 1,5 метри странично растојание (при претекнување) пропишано со закон, на овие места е забрането престигнување. Казната за прекршителите изнесува 70 евра.

Во пракса, овој знак практично сугерира дека на поединечни делници, најбавниот учесник во сообраќајот – велосипедистот, ќе ја диктира брзината на движење на сите возила.

Несомнено е дека големите промени во автомобилската индустрија, како и сè поголемиот број на различни лични транспортни средства, заедно со подигнувањето на нивото на еколошката свест, влијаат на промените во сообраќајот во многу градови. Исто така, се менуваат и улиците на кои моторизираните возила полека го губат привилегираниот статус.


Ова е особено видливо во урбаните градски центри, каде што се настојува автомобилите целосно да се отстранат од сообраќајот за да им се отстапи место на пешаците и на поеколошки прифатливите лични превозни средства.

Германија, како и некои други земји во Западна Европа и Скандинавија, веќе работат на тоа.

Возачите секако не се задоволни, а се поставува прашањето дали е ова иднината на сообраќајот?



Спонзорирани линкови

Маркетинг