Симбол на робовладетелството: Холандскиот крал нема да користи златни кочии

Точка

17/01/2022

20:28

2.912

Големина на фонт

а а а

Холандскиот крал Вилем-Александер најавил дека членовите на кралското семејство ќе престанат да ги користат историските златни кочии, на кои има слики кои го величат колонијалното минато на земјата и ропството.

Сликата наречена "Почит за колониите" се наоѓа на левата страна на кочијата - а прикажува жители на африкански и азиски земји како клечат и ги нудат своите производи, од какао до шеќерна трска, млада бела жена која седи на трон и ја симболизира Холандија.


Во видео-пораката кралот Вилем-Александер најавил повлекување на кочијата од употреба, признавајќи дека е навредлива за голем број на луѓе.


"Нема смисла да се осудува и дисквалификува тоа што некогаш се случило преку денешната визура. Простата забрана на историските артефакти и симболи не е решение. Наместо тоа, потребен е заеднички напор кој оди подлабоко и трае подолго. Напор кој ќе не обедини наместо да не подели", рекол кралот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг