„Најсигурниот начин да не станеш многу несреќен е оној да не бараш да бидеш многу среќен“, вели Артур Шопенхауер. Токму денеска е фамозниот трет понеделник во месецот кој е прогласен за најдепресивниот ден во годината.
На овој ден сфаќаме дека новогодишните одлуки исчезнаа со облакот на еуфоријата, дека сме ги потрошиле речиси сите финансии, а дека јануари е „предолг“ месец и дека можеби и нема премногу причини за насмевка.
Теоријата на т.н. „син понеделник“ ја воспоставил Клиф Арнал во 2004 година, велшки психолог кој предавал на Универзитетот во Кардиф. Тој зел предвид низа фактори, вклучувајќи ги временските прилики, долговите, времето кое поминало од Божиќ и мотивацијата. Терминот набрзо станал глобално популарен до таа мера што некои психолози предупредуваат на неговото лошо влијание на луѓето кои навистина се борат со депресија.
Депресијата е сериозна состојба и треба да се разграничи со тагата која е реално чувство ако страдате во текот на „најдепресивниот ден во годината“.
Поштедете се од стрес – усвојте некоја техника на релаксација како медитација, јога или техника на дишење.
Бирајте здрави избори – обезбедете си доволно сон, подгответе си избалансирани оброци и занимавајте се со физичка активност.
Иако можеби ви делува невозможно, пронајдете 3 работи во својот живот на кои треба да им се радувате. Психолозите дури советуваат и да ги напишете на хартија и истата да ја погледнете секој пат кога ќе почувствувате дека доброто расположение не ви е на посакуваното ниво.