Селин Дион го откажа остатокот од светската турнеја: Пејачката се соочува со сериозни здравствени проблеми

Точка

17/01/2022

10:26

12.670

Големина на фонт

а а а

Познатата пејачка Селин Дион, соопштила дека го откажува остатокот од светската турнеја поради сериозни здравствени проблеми, пишува „CNN“.

Канаѓанката рекла дека закрепнува од 'тешки и постојани грчеви на мускулите', кои ѝ пречат за време на настап.

Поради истиот здравствен проблем, во октомври, 2021-ва година го откажала и настапот во Лас Вегас и оттогаш закрепнува, планирајќи дека турнејата ќе ја продолжи на 9-ти март, 2022-ра година, пренесува „CNN“.

Остатокот од нејзината светска турнеја е поместен за 12-ти април, но лекарскиот тим на пејачката одлучил дека откажувањето сепак е најдобра опција. Поради тоа, тие биле принудени да откажат вкупно 16 концерти.

„Се надевав дека ќе закрепнам, но изгледа дека ќе морам да бидам трпелива и да го следам режимот што лекарите ми го препорачаа“, напишала Дион, додавајќи дека со нетрпение го исчекува моментот кога повторно ќе се сретне со своите обожаватели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг