Еден од најзгодните актери ја запознал својата сопруга кога имал 18 години, а таа 42, и денес се заедно: „Веднаш знаев дека е моја сродна душа“

Точка

17/01/2022

10:42

21.946

Големина на фонт

а а а

Британскиот актер Арон Тејлор Џонсон (31), неодамна бил „уловен“ додека пие кафе и ужива со пријателите на сонце во Малибу - Калифорнија, а друштво му правела и 23 години постарата сопруга Сем.

И, додека Арон ги покажал своите мускули и мажествен имиџ, Сем, која инаку е фотограф и режисер, одлучила да носи опуштена, спортска комбинација со минимална шминка на лицето.

Вообичаено дружење на среќниот пар, но нивното заедничко појавување секогаш ја интригира јавноста поради големата разлика во годините и необичната љубовна приказна која ја делат.


Арон сопругата Сем (54) ја запознал во 2008 година кога имал само 18 години, а можеби тоа не би било ништо чудно доколку таа од него не е постара повеќе од две децении.

Во моментот на запознавање оваа режисерка имала само 42 години, но актерот тврди дека истиот момент кога ја видел знаел дека таа е негова сродна душа и дека сака со неа да го помине животот.

„Веднаш знаев дека Сем е мојата сродна душа. Веднаш знаев дека сакам да го поминам останатиот дел од животот со таа жена. Добро се сеќавам на тој ден, како и на денот кога ја запросив“.


Познатиот Британец акцентирал дека никогаш не ја почувствувал разликата во годините меѓу себе и својата избраничка, објаснувајќи дека не може да се спореди ниту со еден од своите врсници кога имал 19 затоа што тогаш живеел живот кој немал врска со стандардите на растење.

„Знаев дека сакам семејство со неа, знаев дека сакам деца и еден месец подоцна таа забремени“.


„Никогаш, ниту една секунда не почувствував пречка меѓу нас поради годините“, додал Арон и истакнал дека убавата русокоса е поенергична од него.

Парот има две деца - 11-годишната Вајлд и 9-годишниот Роми, а Сем од претходниот брак има уште две ќерки.


Интересно е и дека презимето Тејлор-Џонсон кое од венчавката и двајцата го носат всушност го добиле со комбинација од нивните презимиња кои ги имале пред да застанат пред олтар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг