Видео: Митревски e автор на една од најатрактивните одбрани на ЕП

Дерби

16/01/2022

15:14

22.856

Големина на фонт

а а а

Македонската ракометна репрезентација не се прослави на вчерашниот меч против Црна Гора кој го загуби и со тоа остана без никакви шанси за да ја мина оваа прва фаза на Европското првенство.

Најсветла точка во нашиот табор беше Никола Митревски кој во свој прв меч на шампионатот направи се што можеше за да ги остави во игра соиграчите за позитивен резултат, но и тоа на крајот не се покажа како доволно за успех.

Сепак ако е за утеха членот на Порто ја има четвртата најдобра одбрана на денот на првенство, интервенција против некогашниот ракометар на Вардар, Васко Шеваљевиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг