Каније Вест купил куќа од 4,5 милиони долари спроти вилата на Ким Кардашијан

Точка

15/01/2022

21:26

9.006

Големина на фонт

а а а

Поранешните сопружници тешко можат да бидат пријатели, но сигурно можат да бидат соседи!

И не мислиме само ние така, туку и познатиот рапер Каније Вест, кој неодамна купил куќа вредна 4,5 милиони долари спроти неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.


Релативно скромниот имот на Хиден Хилс има нешто повеќе од 365 квадратни метри и има пет спални соби. Има и базен и штала меѓу другите важни објекти. Сепак, не е домот тој што привлекува внимание колку тоа што се наоѓа во населбата на Ким Кардашијан!


Тој го купил имотот само два месеци откако ја ставил на продажба својата куќа од 3,7 милиони долари и само две недели откако Ким поднела барање за развод.


Во едно неодамнешно интервју, тој го негирал разводот, додека Ким тврди дека таа постојано барала од Каније да се согласи на развод и смета дека тие заслужуваат шанса да градат нови животи.


Во секој случај, бидејќи Вест ѝ се приближува на Ким, барем кога станува збор за домовите, ќе биде интересно да се види како ќе се одвиваат настаните во иднина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг