Сцена која го одзема здивот - после ова видео нема со исти очи да ги гледате жирафите

Точка

15/01/2022

20:24

26.568

Големина на фонт

а а а

Сцената што го одзема здивот е снимена минатата година во Јужна Африка, а главниот лик е млада жирафа.

Љубопитното животно прво се приближило до џипот со туристите, а потоа почнало со потера кога возачот дал гас.

Мажјакот, кој живее во дивината, во резерват за диви животни на север од областа Квазулу-Натал, бил оставен како младенче и згрижен, но потоа повторно бил пуштен во дивината.

Како што се гледа на видеото направено од водичот и фотограф Мет Јардли, жирафата и понатаму сака да се „дружи“ со луѓе.

Тој и неговиот тим успеале да ја контролираат ситуацијата и да избегаат, што, како што вели, било во најдобар интерес на гостите и на жирафата.

Иако големината и брзината на жирафата изгледаат застрашувачки на прв поглед, младиот мажјак едноставно истражувал и не се однесувал агресивно.

„Беше љубопитен за возилото и се обидуваше да го истражи, а тоа резултираше со потера. Возилото го поврза со неговото растење, но во исто време е и дива жирафа, па настана конфузија за која мислев дека е доста интересна“, објаснува водичот.

Тој додава дека во тие моменти размислувал за безбедноста не само на посетителите, туку и на дивите животни.

„Се погрижив возачот да вози со соодветна брзина за жирафата да биде на безбедно растојание, но да не оди пребрзо и да ризикува. Нашиот возач исклучително добро ја реши ситуацијата“, изјавил Јардли.

Водичот рекол и дека никој не бил повреден и дека сето ова на крајот било големо искуство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг