„Одлучив да го следам својот син. Нема смисла да живеам без него“: По смртта на синот, славната пејачка напиша проштална порака

Точка

15/01/2022

19:42

14.812

Големина на фонт

а а а

Пејачката Шинејд О’Конор беше префрлена во болница неколку дена по смртта на 17-годишниот син Шејн.

Шинејд тешко го поднесува фактот дека нејзиниот син е мртов, а единствено поради него сакала да живее, напишала таа на Твитер.

По смртта на синот таа објавила вознемирувачки статус по што полицијата ја однесла во болница:

„Одлучив да го следам својот син. Нема смисла да живеам без него. Сè што ќе допрам, го уништувам. Живеев само поради него, а сега него го нема. Го уништив своето семејство. Моите деца не сакаа да ме видат. Јас сум ужасна личност. А, сите мислите дека сум фина поради тоа што пеам. Не сум!“, напишала Шинејд.


Набрзо потоа се извинила поради своите зборови.

„Жал ми е, не требаше тоа да го кажам. Сега сум со полицајците на пат за болница. Жал ми е што ве вознемирив. Изгубена сум без своето дете и се мразам самата себе. Болницата ќе ми помогне некое време. Но, ќе го пронајдам Шејн, ова е само кратко одложување“, порачала неутешната пејачка на Твитер по неколку часа.

Таа и сите свои следбеници, но и луѓето со добра волја ги замолила да се помолат за душата за нејзиниот син и истакнала дека моментално живее во пеколот.

„Грозен ден од пеколот. Доколку имате премногу молитви, ве молам една од нив да ја намените за мојот син Шејн, светлото на мојот живот“, изјавила таа.

Пејачката веќе ги молела за помош своите следбеници поради ситуацијата со синот кој побегнал од домот пред три години. Не се појавил дома два дена, но 14-годишникот набрзо бил пронајден, бил на сигурно и здрав.


Инаку, Шинејд е мајка на четири деца, по преминувањето во исламот го зела името Шухада Садакват, а веќе некое време имала проблеми со психички болести. Нејзиниот живот не бил среќен, а во 2017 година признала дека била жртва на семејно насилство, дека мајка ѝ ја малтретирала, и дека размислувала за самоубиство.

„Имаше соба за мачење и беше личност која уживаше да нанесува болка на другите. Морав постојано да повторувам дека не вредам ништо и дека сум никој, доколку одбиев да го кажувам тоа, тогаш таа ќе ме истепаше“, раскажала пејачката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг