Доколку сте љубители на пиво, резултатите од новото истражување ќе ве израдуваат. Имено, утврдени се неколку ефекти од консумирањето пиво кои добро влијаат на нашето здравје.
Истражувањето е објавено во магазинот „Nutrients“ и опфаќа детални анализи направени во Шпанија во период од 2007 до 2020 година. Меѓутоа, важно е да се напомене дека некои експерти сугерираат дека позитивните ефекти ги даваат нутриентите во пивото, а не самиот алкохол.
Истражувачите истакнуваат дека умерената консумација е клучна, со што на жените им се препорачува да пијат едно пиво дневно, а на мажите максимум две. Позитивните ефекти од умереното консумирање се:
Пет од шест анализи покажале дека пивото може да спречи појава на кардиоваскуларни болести. Ова било докажано кај поединци кои пиеле 350 милилитри пиво дневно.
Мажите кои апстинирале од алкохол имале значајно поголем ризик од развој на абнормална регулација на глукоза во однос на оние кои повремено пиеле пиво, наведено е во истражувањето.
Кога ја анализирале густината на коските кај постарите лица, научниците утврдиле дека консумирањето пиво е поврзано со помали ризици од скршеници. Состојките присутни во овој пијалак, како што се фитоестрогените, делуваат синергиски со сицилиумот и формираат клетки - остеобласти кои ја зајакнуваат структурата на коските.
Неколку анализи сугерираат дека пивото помага во регулација на покачениот холестерол, главно благодарение на големата количина на антиоксиданти.