(Фото/Видео) Ниту Ајфелова кула, ниту Дизниленд: Ова е најпосетуваната туристичка атракција во светот

Точка

14/01/2022

22:21

59.261

Големина на фонт

а а а

Една од најпосетуваните туристички атракции во светот, верувале или не - е трговски центар.

Најголемиот трговски центар во Дубаи го посетуваат дури 75 милиони туристи годишно.

Трговскиот центар „Dubai Mall“ во Гинисовата книга на рекорди е забележан како најголем на светот. Целиот објект со сите придружни објекти се простира на импресивни 1.124.000 метри квадратни.

Отворен е во 2008-ма година, во него има 1.200 продавници, лизгалиште со олимписки димензии, аквариум, најголема продавница за чевли во светот, 14.000 паркинг места и симулатор за летање со патнички авион Боинг 737.

Иако има многу интересни атракции во светот, трговскиот центар во Дубаи го посетуваат повеќе луѓе отколку Ајфеловата кула, Нијагарините водопади и Дизниленд заедно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг