Имотот на кој Адел сними спот за популарната песна, се продава за 5,4 милиони долари

Точка

14/01/2022

22:02

10.267

Големина на фонт

а а а

Имотот на кој мегапопуларната пејачка Адел го сними спотот за хитот „Easy on Me“ се продава за 5,4 милиони долари.

Станува збор за имот во Сатон, Квебек, на 90 минути возење од Монтреал, Канада и неколку часа возење од границата со САД.

На имотот има шест објекти, вкупно 10 спални соби, 10 бањи и четири тоалети, а тоа било повеќе од доволно за снимање на видеото.


Главната вила е изградена во 1846-та година, а потоа реновирана во 1990-та и 2021-ва година. Нејзината голема „црвена“ соба била искористена за снимање на првиот сингл на пејачката Адел од нејзиниот последен албум „30“ кој излезе минатата година. Сега на едниот ѕид има портрет на популарната пејачка и тој ќе му припадне на новиот сопственик.


Луксузниот имот има што да понуди, има помошен објект, куќа за гости, гаража, капела и замок со импресивна просторија за прием. Исто така, откупувачот ќе добие и големо лозје со погон за производство на вино.

Ентериерот е уреден во француски стил, а новиот сопственик ќе треба да издвои 5,4 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг