Краткото здолниште прави да изгледа повпечатливо: Совршен зимски стајлинг во режија на прекрасната Оливија Кулпо

Точка

14/01/2022

17:11

23.925

Големина на фонт

а а а

Американската инфлуенсерка и една од најдобро облечените жени во светот на модата, не може да им одолее на класичните парчиња, но и тоа како умее да стави личен печат во наизглед веќе видените комбинации.

Некогашната Мис Универзум, Оливија Кулпо, брилирала во текот на летната сезона кога станува збор за модата, но исто така и во есенските и зимските месеци умее да го покаже сиот раскош на својот моден дар.

Секогаш беспрекорно облечената инфлуенсерка привремено го напуштила својот најдраг Њујорк и отпатувала во Северна Каролина каде ќе ги помине зимските денови, а со следбениците на Инстаграм споделила дека во таа држава пристигнала во голем стил.

„Последниот ден во Њујорк на некое време“, напишала таа на Инстаграм каде позирала во издание кое е совршено за вечерно излегување во некој луксузен ресторан во Менхетен кој сепак се вклопил во идиличниот амбиент во кој моментално ужива.

Оливија се определила да носи модна комбинација во која доминираат беж тонови, пред сè на волнениот капут кој го носи од брендот „By Meline Birger“ кој чини речиси 700 евра и впечатлива ролка од турската дизајнерка Зејнеп Арчај.

Стајлингот го збогатила со кожни кафеави високи чизми на полна потпетица од модната куќа „Saint Laurent“ чија цена изнесува 1.600 евра, додека пак аксесоарите биле исто така во ефектни кафеави нијанси.

За сè да биде како што треба, таа носела и здолниште со А-крој и мини должина, многу симпатичен сафари модел со џебови кој го потпишува дизајнерот Матеј Брач.

Повеќе фотографии од Оливија Кулпо:



Спонзорирани линкови

Маркетинг