Непријатни вести за младата ѕвезда на Баерн: Дејвис има проблеми со срцето, ќе мора да паузира

Дерби

14/01/2022

16:36

5.004

Големина на фонт

а а а

Најдобрата германска екипа, Баерн Минхен некое време нема да може да смета на одличниот Алфонсо Дејвис.

Интернационалецот од Канада кој има 21 година има одредени проблеми со срцето и ќе мора да паузира од стандардните активности во наредниот период.

- Вчера за време на нашиот контролен преглед што го правиме со секој играч што имал Ковид-19, откривме знаци на благ миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул. Засега престана да тренира, па нема да ни биде достапен во следните недели.

- Овој миокардитис не е премногу драматичен врз основа на ултразвук, тоа се знаци на воспаление. Како и да е треба да заздрави и за тоа несомнено ќе потрае некое време, - истакна тренерот на „баварците“ Јулијан Нагелсман.

Колку време Дејвис ќе мора да паузира не е познато, но оваа ситуација со спортистите по прележан КОВИД-19 станува се поалармантна затоа што се повеќе асови имаат проблеми со срцето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг