Додека кралицата тагувала, тие славеле: Британската влада упатила извинување до Бакингемската палата поради забавата

Точка

14/01/2022

15:56

4.483

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон денеска упатил извинување до Бакингемската палата поради двете забави организирани во градината на Даунинг стрит пред погребот на принц Филип минатата година.

Двете проштални забави, една за директорот за комуникации Џејмс Слек и една за владиниот фотограф биле одржани на 16-ти април, со консумирање на алкохол до раните утрински часови.

„Длабоко жалиме за тоа што се случи во време на национална жалост и Даунинг стрит и и се извинуваме на Палатата поради тоа“, изјавил портпаролот на Џонсон, пренесуваат британските медиуми.

Тој одбил да каже дали Џонсон лично ќе и се извини на кралицата, но нагласил дека премиерот го сфаќа бесот на јавноста поради тоа што различни социјални настани биле организирани во текот на локдаунот.


Очевидците за "Daily Telegraph" рекле дека на две априлски забави во различни делови на Даунинг стрит учествувале околу 30 луѓе, кои потоа се собрале заедно во градина. Премиерот не бил таа вечер во Даунинг стрит.

Во април минатата година Англија била во втората фаза на постепено попуштање на мерките и било дозволено да се собираат шест лица или две семејства на отворено.

Тие наводи претставуваат дополнителен притисок за премиерот Џонсон кој се соочува со повици да поднесе оставка бидејќи неодамна признал дека и самиот учествувал на една забава во Даунинг Стрит во мај 2020-та година, во првиот период од заклучувањето поради коронавирусот во Лондон, пишува "Guardian".

Заменичката на лидерот на лабуристите, Ејнџел Рејнер на Твитер напишала дека нема зборува за културата и однесувањето во Дауинг Стрит 10.

Лидерот на Либералните демократи, Ед Дејви потсетил дека кралицата седела сама во жал за загубата на сопругот, во капела, почитувајќи ги мерките за социјално дистанцирање.

„Не затоа што е кралица, туку затоа што е само уште едно лице кое е само во жалост, како и многу други. Додека таа жалела, на Даунинг стрит се забавувале. Џонсон мора да си оди„, напишал на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг