(Видео) Никој не може да ѝ одолее: Богата чоколадна торта со кремаст фил

Точка

14/01/2022

16:20

45.478

Големина на фонт

а а а

Ако ви треба одличен рецепт за раскошна торта со богат вкус која се приготвува брзо и лесно, тогаш мора да ја испробате оваа.

Чоколадниот пандишпан и кремастиот фил ја прават неодолива, а оревите и лешниците само го збогатуваат вкусот.

Можете да ја приготвите како роденденска торта, но и како десерт за целото семејство.

Потребни состојки:

За пандишпанот:

- 170 гр. лешници
- 10 гр. прашок за печиво
- 30 гр. презла
- 150 гр. шеќер
- 6 јајца
- 40 гр. какао

За филот:

- 600 мл. слатка павлака
- 70 гр. чоколадо
- 100 гр. шеќер
- 10 гр. ванилин шеќер

За декорација:

- 70 гр. чоколадо
- 70 гр. ореви

Начин на подготовка:

1. Изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте ги мелените лешници, какаото, прашокот за печиво и презлата.

2. Убаво промешајте со шпатула.

3. Изматете ги белките со прстофат шеќер и додајте ги во првата смеса, па измешајте.

4. Ставете ја смесата во калап со пречник од 20 центриметри, обложен со хартија за печење.

5. Печете на 180 Целзиусови степени околу 30 минути.

6. Поделете ја кората на два дела.

7. За филот, изматете слатка павлака со шеќер и ванилин шеќер. Потоа додајте сечкано чоколадо и промешајте.

8. Ставете го филот врз едната кора и ставете ја тортата во фрижидер половина час.

9. Потоа, издробете ја втората кора и измешајте ја со мелени ореви и сечкано чоколадо. Ставете ја врз филот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг