Ќе има уште една долга и бурна ноќ: Случајот префрлен на Федералниот суд! Новак ќе биде сослушан вечер во 22 часот, притворот е неизбежен

Точка

14/01/2022

15:39

4.014

Големина на фонт

а а а

Ѓоковиќ нема да биде депортиран до завршувањето на жалбата, а случајот е префрлен на Федералниот суд.

Австралискиот судија Ентони Кели рекол дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да биде депортиран од Мелбурн до завршувањето на жалбата во врска со укинувањето на визата и дека случајот сега е префрлен на Федералниот суд на Австралија.

Како што прецизирал судијата на сослушувањето, Ѓоковиќ вечерва од 22 часот по средноевропско време, а во сабота наутро по локално време во Мелбурн, ќе оди на разговор со имиграционите власти и до тогаш нема да биде во притвор.


По сослушувањето Новак ќе биде одведен во притвор, се до новото сослушување кое е закажано за недела. Неговиот адвокат Ник Вуд рекол дека е загрижен за безбедноста на првиот светски рекет доколку се објави местото на кое ќе биде во притвор, но и медиумскиот циркус до кој би можело да дојде.

На Ѓоковиќ втор пат му е укината визата. Тоа се случило порано денеска и морал да биде депортиран од Австралија, бидејќи не се вакцинирал против коронавирусот. Тој добил медицински исклучок за учество на Австралијан Опен кој почнува во понеделник.


Ѓоковиќ на Австралијан Опен се обидува да го освои рекордниот 10-ти трофеј на тој турнир и рекордната 21-ва Грен слем титула.

Натпреварувањето на првиот Грен слем турнир почнува во понеделник.




Спонзорирани линкови

Маркетинг