По една лажица дневно: Академик Људмила Григориевна Пучко открива рецепт кој го чува вашиот организам од вируси и инфекции

Точка

14/01/2022

15:21

19.502

Големина на фонт

а а а

Традиционалните лекови од руската алтернативна медицина откриваат единствени рецепти кои се прават од најздравите намирници.

Вируси, настинки и грип – најчести се во текот на зимските денови кога имунитетот на човекот е навистина чувствителен и значително нарушен.

Во тој период докторите препорачуваат да го зајакнеме имунитетот и подготвено да ги дочекаме вирусите и настинките.

Руската алтернативна медицина нуди народен лек кој ги спојува неспојливите природни состојки кои го закрепнуваат цел организам.


Доколку често сте преморени и чувствувате како да немате доволно енергија, тоа е прв знак дека вашиот имунитет е нарушен. Овој ефектен руски еликсир придонесува да го прочистите цел организам од штетните материи и да ја вратите изгубената енергија.

Препаратот се користи во облик на напиток, а главните состојки се: лукот, маслиновото масло, природен мед, зелен чај, смола, јаболков оцет и бибер.

Рецепт на академик Људмила Григориевна Пучко

За подготовка на овој рецепт потребни ви се: 2 лажици ситно исечкан лук, 3 лажици маслиново масло, 5 лажици природен мед, 50 милилитри зелен чај, половина лажичка бибер, природна смола и една лажица јаболков оцет.


За подготовка на напитокот потребно е да го пропржите лукот во маслиновото масло една минута. Додадете ги сите останати состојки и мешајте околу 5 минути на тивок оган. Тргнете го садот од оган да се излади, а потоа ставете ја смесата во стаклена тегла, па во фрижидер.

Консумирајте по една лажица дневно, секогаш во слично време. Сеедно е дали еликсирот го консумирате пред или после јадење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг