Кралицата на поп музиката повторно објави контроверзни фотографии од кои една ги загрижи фановите: „Мислам дека си го изгубила разумот“

Точка

14/01/2022

22:58

18.226

Големина на фонт

а а а

Веќе навикнавме Мадона, сега веќе редовно, да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, но овојпат се надмина себеси.

Новата објава на кралицата на поп музиката наиде на лавина коментари и бурни реакции од нејзините фанови.

Мадона овојпат објавила серија фотографии, а на една од нив јасно се гледа огромна модринка долж нејзината нога. Во описот, Мадона напишала: „Животот ме 'претепа'. Мислите дека ми е гајле? Само ѓаволот се грижи“.

Контроверзната пејачка позирала на ВЦ школка, свртена со грбот кон камерата и направила неколку сексапилни фотографии во кревет и на фотелја.

На една од фотографиите јасно се гледа и огромната модринка долж целиот бут, додека на другата нога носела црн скинат чорап. Токму оваа фотогррафија подигна најголема прашина во јавноста.


Многумина се запрашале што всушност сакала да порача со оваа објава, а имало и коментари како: „Ова не е уметност, ова е вулгарно“, „Мислам дека си го изгубила разумот“, „Таа на очајнички начин сака да го привлече вниманието на јавноста“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг