(Фото) Роси се збогува со Мото ГП, но објави нова авантура на четири тркала: Се гледаме на Имола, Мисано и Спа

Дерби

13/01/2022

19:10

55.689

Големина на фонт

а а а

Валентино Роси стави крај на својата успешна и долгогодишна Мото ГП кариера, но тоа не значи дека легендарниот „Доктор“ и дефинитивно заминува во пензија, за што добивме потврда и оваа вечер.

Италијанскиот мотоциклист отсекогаш бил вљубеник и во мото трките на четири тркала, па сега конечно ќе му се оствари желбата и ќе биде дел од едно професионално автомобилистичко натпреварување во 2022-ра година.

По крајот на Мото ГП етапата, Валентино вечерва потврди дека продолжува во светскиот ГТ шампионат, во кој ќе го гледаме во боите на Ауди возејќи Р8.

Италијанецот ќе настапи на 10 трки во новата тркачка авантура и сигурно ќе ја крене гледаноста на ГТ шампионатот, особено кога ќе има трки во неговата родна земја.

– Многу сум среќен што ќе се натпреварувам за ВРТ тимот во ГТ шампионатот со Ауди Р8 ЛМС. Ќе бидам дел од 10 трки, а покрај останатите, ќе се тркам на Имола, Мисано и 24 часа Спа. Благодарност до Винсент Восе и Ауди за оваа голема можност, – објави Валентино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг