Ретро видео: Тито и Киро Глигоров во друштво на холивудскиот џет-сет, помеѓу присутните и Кирк Даглас, Ширли Меклејн, Рок Хадсон...

Точка

13/01/2022

14:29

26.281

Големина на фонт

а а а

Повозрасните сигурно се сеќаваат на улогата на поранешната СФРЈ во светската политика и големото меѓународно влијание на тогашниот претседател, Јосип Броз Тито.

Тогашните политичари од Македонија од земјава уживаа статус на ВИП личности при дипломатските патувања во странство, а доказ за големиот меѓународен углед на СФРЈ е и видеото од тогаш популарните „Филмски новости“.

На снимката можат да се видат Тито и поранешниот македонски претседател Киро Глигоров во друштво на големи имиња од тогашната сцена како Едвард Џи Робинсон, Рок Хадсон, Ширли Меклејн, Кирк Даглас, Ли Марвин, Чарлтон Хестон и многу други ѕвезди од тоа време.

„Приемот кој го организирале припадниците на светскиот џет-сет во Лос Анџелес, во чест на Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка во текот на нивната официјална посета на Америка во 1971 година, покажува каква почит имале Југославија и Тито во светски размери и рамки“, стои во описот на видеото.

Погледнете:



Спонзорирани линкови

Маркетинг