Претставен "убиецот на Тесла": "Mercedes VISION EQXX" ви пружа домет од 1.000 километри и невиден луксуз

Точка

04/01/2022

15:23

58.995

Големина на фонт

а а а

"Mercedes Benz" и официјално го претставил својот електричен луксузен автомобил "VISION EQXX". Фокусот на најновиот автомобил се дометот, луксузот, комфорот и стилот.

Славниот германски автомобилски произведувач "Mercedes Benz" на овогодишниот саем "CES 2022" го претставил електричниот ѕвер кој има 1.000 километри домет и кој е автомобил кој дефинитивно не се гледа секој ден. Со карактеристиките кои ги пружи нивниот најнов електричен автомобил, "VISION EQXX" можеби досега е најсериозниот конкурент на моделот "S" на Тесла.

Од Мерцедес кон крајот на 2021-ва година го најавиле претставувањето на "VISION EQXX" за самиот почеток на 2022-ра година, што и се случи, а компанијата тој свој најнов електричен автомобил сака да го претстави како нејзин најефикасен досега направен и кој може да мине 100 километри користејќи само 10 киловати.


Пренесено во термини на потрошувачка на класичните автомобили со внатрешно согорување, тоа е еквивалент на потрошувачка од литар гориво на 100 километри.

Бројките кои Мерцедес го претставил се импресивни и даваат увид во реалните перформанси на "VISION EQXX".


Станува збор за електричен автомобил кој "го придвижува софтвер" и кој се фокусира повеќе на патот отколку на другите инженерски процеси. Сепак, тоа не мора да значи ништо лошо, бидејќи целта на тој електричен автомобил е на возачите да им пружи уживање во текто на долгите патувања.

Официјално, неговата автономија на движење изнесува 992 километри, односно речиси 1.000 километри. Во изработката на автомобилот се користени 3Д испечатени материјали.


Што се однесува до конкуренцијата, со претставувањето на "VISION EQXX" Тесла сега останала во заостаток бидејќи нема автомобил кој може да се спореди со ова луксузно возило. Во Тесла и натаму играат на прифатливите цени и отменоста на возилата, но кога станува збор за целокупниот луксуз и ефикасност, Мерцедес ја преземал лидерската позиција во тој сегмент во пазарот на електрични автомобили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг