Се продава првиот автомобил кој го возел Марадона

Точка

24/12/2021

15:22

46.530

Големина на фонт

а а а

Минатата година е продаден последниот автомобил кој го возел покојниот аргентински фудбалски гигант Диего Армандо Марадона, а сега низ светот се проширила веста дека на аукција е и првиот автомобил на славниот фудбалер.

Генерално, автомобилите на познатите личности секогаш се посебно успешни кога се продаваат, па во таа смисла првиот автомобил во сопственост на фудбалска икона како Диего Армандо Марадона не може да биде исклучок.

Тоа е оригинален "Fiat 128 CL" од 1982-ра година, а се продава на аукција преку веб страната "kave.market" како виртуелен НФТ објект.


Автомобилот е пронајден во 2003-та година во кокошарник на периферијата на Буенос Аирес.

Марадона ова возило си го подарил самиот на себе на Божиќ 1982-ра година, откако во 1981-ва година станал шампион со Бока Јуниорс и кога од Бока преминал во Барселона.




Спонзорирани линкови

Маркетинг