(Видео) Очајнички потег: Се борат против крадци со отворени врати од автомобилите

Точка

22/12/2021

21:03

45.959

Големина на фонт

а а а

Сопствениците на возила на овој начин сакаат да им порачаат на крадците дека во нивните автомобили нема нешта вредни за обивање.

Кражбите на автомобили во американската сојузна држава Калифорнија се толку чести што сопствениците на возилата се одлучиле на очајнички потег – ги оставаат отворени вратите од автомобилите, како и вратата од багажникот.

Сопствениците на возилата на овој начин сакаат да порачаат дека во нивните автомобили нема вредни работи, а ако крадците не им веруваат, можат и самите да видат наместо да ги обиваат бравите или да ги кршат прозорците.

Но, на полициските службеници не им се допаѓа ваквиот метод на одвраќање на крадците и ги советуваат возачите да не го прават тоа. Полицијата вели дека на овој начин крадците со малку труд можат да ја отворат касетата во автомобилот и да украдат важни документи.

Кражбата на возила во овој регион пораснала за 32 отсто оваа година, а бројот на провали во целата држава е зголемен за 27 отсто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг