Десет гола на шест натпревари – Але рекордер во ЛШ

Макфакс

08/12/2021

12:46

2.309

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Ајакс, Себастијан Але, го обележа првиот круг во Лигата на шампионите. Але со своите голови го предводеше Ајакс до максималниот учинок во групата.

Во конкуренција на Спортинг, Борусија Дортмунд и Бешикташ, холандскиот првак ги забележа сите шест победи.

Ајакс, во последното коло, го победија Спортинг со 4:2. Серијата голови ја отвори Але од пенал во осмата минута.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска во фазата по групи постигна десет голови.никој пред Але не успеал на шест натпревари, во првата фаза, да постигне двоцифрен број на голови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг