Над илјада Македонци во Германија ја искористија можноста за мобилно издавање пасоши во конзулатот во Бон

Макфакс

08/12/2021

11:08

2.226

Големина на фонт

а а а

За помалку од три месеци, над илјада македонски државјани кои живеат во Германија се сликаа за нови патни исправи во Конзуларното одделение на Македонија во Бон, каде успешно стапи на функција новата базна станица.

Седумстотини биометриски пасоши се готови а во тек е обработката на пристигнатите барања, со новата опрема која исклучително придонесе во кратење на постапката, намалување на трошоците, како и зголемување на задоволството на нашите државјани во Германија, сведочи конзулот, Боро Мирчески.

„ Oвој проект е исклучително полезен за нашата дијаспора! Од искуството во изминатиот период, како го отпочнавме проектот, можам да посведочам само на зголемување на задоволството кај странките. Во моментов во нашата амбасада во Бон странките добиваат изготвена патна исправа за помалку од 30 дена” рече Мирчески.



Спонзорирани линкови

Маркетинг