Арсовска: „Да се исклучат семафорите без најава е крајно несериозно, ќе барам одговори од МВР“

Точка

07/12/2021

21:10

6.263

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се огласи за денешниот сообраќаен хаос во главниот град на државата.

Како што стои во нејзината објава на социјалната мрежа Фејсбук, Арсовска смета дека исклучувањето на семафорите без најава со часови е крајно несериозно.

„Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови. Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос“, пишува Арсовска.

Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист...

Posted by Danela Arsovska on Tuesday, December 7, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг