Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Макфакс

07/12/2021

20:26

3.962

Големина на фонт

а а а

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата на Советот на министри.

Според декретот на белоруската Влада објавен денеска, забраната за увоз се однесува на одредени стоки од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Велика Британија, Црна Гора, Северна Македонија и Швајцарија, пренесе агенцијата „Тасс“.

„Имајќи ги предвид континуираните обиди на колективниот Запад за незаконски санкционен притисок врз нашата земја, Белорусија презеде соодветни мерки. Според одлуката донесена од Владата, ембаргото за храна ќе биде воведено од 1 јануари 2022 година во однос на широка листа на стоки произведени во земји кои спроведуваат дискриминаторска политика и вршат непријателски дејствија против нашата земја“, се наведува во соопштението.

Белорусија од овие земји увезла храна во износ од над 530 милиони долари во рок од десет месеци годинава, соопшти белорускиот Совет на министри.

Листата вклучува прехрамбени производи особено свинско месо, говедско месо, сушено или чадено месо, колбаси, зеленчук, овошје, јаткасти плодови, кондиторски производи, сол итн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг