(Видео) Ременски: „Му носев чварки на Боки 13, тој многу сакаше да јаде чварки, а јас сум жена домаќинка“

Точка

07/12/2021

20:34

12.964

Големина на фонт

а а а

Фросина Ременски гостуваше во емисијата „Во Центар“, каде, меѓу останатото ја објаснуваше својата комуникација со Бојан Јовановски.

„Во овој случај што се случи? Истурениот играч на тој режим, Вилма Русковска го отвори тефтерот, односно телефонот на Боки 13, кој сега не може да го прегледа, да го дочита, има, нема, што има сè, што нема, интересно ѝ било што Фросина комуницирала да седнеме, да се напиеме кафе, дојди да се видиме, чварките добри ли се, тргни го тој реп, цело време реп носиш, бидејќи јас не сум по модата, но не ја интересирала комуникацијата со другите членови, ме разбирате“, вели Ременски.

Новинарот Васко Ефтов ја прашува дали му давала чварки на Боки, на што таа одговара:

„Не, јас му однесов чварки, бидејќи сакаше чварки да јаде, јас сум домаќинка“.

Ефтов повторно прашува: „Значи вие сте биле пријатели, чварки сте му носеле?“.

„Јас не го негирам тоа. Знаете, јас не сум лицемер човек Васко, јас денес седам со вас, така, утре не можам да речам дека не сум ве познавала ако вас нешто ви се случи. Тоа не е одлика на Фросина Ременски никогаш, никого не сум потценила за тоа што нешто му се случило или за нешто не му се случило“, одговара Ременски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг