Животната приказна на познатиот Професор од „La Casa de Papel“: Мислел дека ќе умре, го победил туморот, се венчал и сега има две близначки

Точка

07/12/2021

19:42

8.833

Големина на фонт

а а а

Познатиот Професор, кој милионската публика го запозна во серијата „La Casa de Papel“, го толкува Алваро Морте, а за неговиот приватен живот малку се знае.

Оваа улога му донела голема популарност, а пред неа глумел во многу помалку познати шпански серии.

Во споменатото остварување тој е заљубен во Лисабон, која ја толкува Итзиар Итуно, а во вистинскиот живот емотивно е зафатен.

Имено, тој е долго време во брак со стилистката Бланка Клементе со која ги има близначките Леона и Јулија.

Она што многумина не го знаат е дека тој во 33-та година од животот отстранил тумор на левиот колк, поминувајќи низ тешки терапии додека не закрепне.

Во едно интервју, Алваро рекол: „На почетокот мислев дека ќе умрам, дека ногата ми е прсечена, но ништо не се случи. Потоа помислив, ако умрам во рок од три месеци, можам ли тоа да го направам мирно? Дали ги почитував луѓето околу себе кои ме сакаат? Дали им останав верен на моите принципи?“, пренесува „Indianexpress“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг