Вог го врати во мода хитот од 90-те, се сеќавате ли на Макарена?

Точка

07/12/2021

17:37

12.803

Големина на фонт

а а а

Омилената песна од 90-те и почетокот на 2000-та познатиот моден магази Вог ја искористи по повод враќањето на трендовите, повикувајќи ги младите генерации со "Макарена" и танц да ги покажат своите модни комбинации.

Пред да се појават Тик Ток танцовите, постоеше "Макарена". Свиреше во секој клуб и се играше на секој подиум. Синглот е издаден во 1996 година, помина повеќе од 14 седмици помеѓу 100-те најдобри песни и оттогаш остана во срцата на многумина.

Во најновото видео на Вог за модната колекција за пролет 2022 година, песната се враќа воедно претставувајќи ги омилените парчиња облека, а се појавува и порториканскиот рапер Бед Бани.

"Сега песната се враќа заедно со највозбудливите колекции за пролет 2022 година", напишале на официјалниот Инстаграм профил на магазинот Вог.


"Уживајте во визуелната забава и облека која е насочена на овој период со врвните модели и Бед Бани, секако", порачале во описот под видеото со кое со песната "Макарена" ја претставиле новата претстојна пролетна сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг