Вдовицата на Коби Брајант живее во страв: „До крајот на мојот живот ќе се случи едно од две нешта“

Точка

07/12/2021

15:00

17.911

Големина на фонт

а а а

Ванеса Брајант е во тековна парница со округот Лос Анџелес, а неодамна открила детали во врска со фотографиите од нејзиниот покоен сопруг Коби и нивната ќерка Џијана.

Округот поднел барање за отфрлање на случајот, а Ванеса како одговор дала изјава за емоционалната вознемиреност.

Во документите до кои дошол „TMZ“, мајката на Ванеса објаснила дека нејзината ќерка го замолила шерифот Алекс Виљануева посебно на денот на трагедијата да го обезбеди местото на несреќата и да не дозволи никој да фотографира.


Еден месец подоцна, Ванеса открила дека замениците на шерифот и пожарникарите споделувале фотографии од посмртните останки на Коби и Џијана, поради што живеела во страв дека тие на крајот ќе бидат објавени.

Во изјавата која ја поднела вдовицата на кошаркарот, таа објаснила дека, откако дознала дека нема преживеани, посебно му кажала на шерифот: „Ако не можете да го вратите мојот сопруг и мојата ќерка, ве молам уверете се никој да не ги фотографира“. Кога дознала дека луѓето ги фотографирале посмртните останки, рекла дека тоа ја разбеснило, по што постојано е во агонија дека фотографиите ќе започнат да кружат на интернет.


Според пишувањата на медиумите, Ванеса вели дека има причина да верува дека најмалку 20 различни лица добиле копии од фотографиите. Округот ја уверил дека сите фотографии се обезбедени, но таа вели дека веќе видела една фотографија на која наводно се прикажани остатоците од телото на Коби.

„Откако ја видов фотографијата, ме мачеа мисли кој ја направил и дали го прикажува мојот сопруг“, изјавила Брајант.

„Бесна сум бидејќи луѓето за кои верував дека го штитат достоинството на мојот сопруг и ќерката, ја злоупотребиле својата положба за да добијат сувенири на нивната смрт, како и дека поседувањето на фотографии од нивните смртни останки на некој начин ги прави посебни“.


Ванеса исто така забележала колку е лесно да се прошират фотографии на интернет и се плаши дека во еден момент ќе се појават и ќе ги видат нејзините ќерки.

„До крајот на мојот живот ќе се случи едно од две нешта: или фотографиите од телата на мојот сопруг и ќерка ќе станат вирални на интернет или ќе продолжам да живеам во страв од тоа“, вели таа за „TMZ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг