Невакцинираните остануваат во локадун, но властите им нудат избор: "Можете да излезете ако ја искористите можноста да се вакцинирате"

Точка

07/12/2021

21:11

3.402

Големина на фонт

а а а

Невакцинираните ќе останат во локдаун кога ќе заврши општото затворање во Австрија во недела, потврдил денеска новиот канцелар Карл Нехамер, ден откако ја преземал должноста.

Австрија вовела општо двонеделно затворање за да го спречи силното ширење на короанвирусот, па сите ресторани, барови, театри, музеи и продавници кои не продаваат основни потрепштини биле затворени. Хотелите биле затворени за туристи.

Нехамер на новинската конференција рекол дека не е прашање дали двонеделниот локдаун ќе заврши во недела, туку на кој начин, а разговорите за тоа се предвидени за утре.


Една недела пред општото затворање, во локдаун морале лицата кои не биле целосно вакцинирани против коронавирус и им бил забранет пристап во речиси истите места кои сега се затворени, а можеле да излегуваат од дома само од неколку причини, како одење на работа.

"Локдаунот за невакцинираните останува на сила", рекол Карл Нехамер. Но, деталите допрва треба да се одредат на утрешниот состанок на владата и влијателни гувернери на девет австриски покраини.


"За сите невакцинирани кои се погодени од локдаунот, тука има јасна понуда: можете да излезете ако ја искористите можноста да се вакцинирате", рекол Нехамер и додал дека целта на затворањето е поттикне што повеќе луѓе да ја примат првата доза вакцина.

Запрашан дали рестораните и хотелите ќе отворат за викенд, Нехамер рекол дека тоа е веќе договорено со покраинските гувернери и дека ќе се настојува повторно да се отворат претпријатијата во што поголема мера.

Сега прашањето е кое безбедносни мерки и ограничувања е потребно да се донесат, додал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг