Истражувачите тврдат дека само ваквиот начин на спиење го чисти мозокот од токсини

Точка

07/12/2021

09:24

15.647

Големина на фонт

а а а

Истражувачите од универзитетот Стони Брук во својот нов научен труд тврдат дека најкорисниот начин на спиење е на страна, односно на колк.

Во таа положба мозокот најефикасно се чисти од токсини, велат тие. Тоа за возврат помага во намалување на ризикот од развој на Алцхајмерова и Паркинсонова болест, како и неколку други невролошки болести.

Како положбата на спиење влијае на здравјето?

Во текот на експериментот, научниците ги принудувале глувците да спијат на грб, стомак или колк. Научниците од универзитетот Рочестер користеле флуоресцентна микроскопија и трасери за да ги потврдат МР скеновите и да го проценат ефектот од положбата на спиење врз отстранување на амилоидните супстанции од мозокот.

Двете групи научници утврдиле дека спиењето на колк е најефикасно и заклучиле дека на одморот и чистењето на мозокот не влијаат само квалитетот и траењето на сонот, туку и положбата во текот на одморот.


„Интересно е што повеќето луѓе и животни, дури и во дивината, ја претпочитаат оваа положба. Најверојатно сме ја приспособиле оваа положба за најдобро да го отстраниме метаболичкиот отпад од нашиот мозок“, вели Маикен Недергард, истражувач од универзитетот во Рочестер.

„Многу видови деменција се поврзани со нарушувањата на сонот, вклучувајќи тешко заспивање и несоница“, додава Недергард.

„Таквите нарушувања можат да го забрзаат губењето на помнењето кај Алцхајмерова болест“.


Положба која исклучително не се препорачува при спиењето

Возрасните лица не треба да спијат на стомак. Кога спиеме на стомак, вртејќи ја главата налево или надесно, се нарушува снабдувањето на крвта во вертебралните артерии, што може да го наруши здравјето на мозокот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг