"Катастрофалното сценарио не се оствари, но...": Пандемијата ја попречи борбата против друга опасна болест, минатата година бројот на смртни случаи пораснал за 69.000

Точка

07/12/2021

09:02

5.177

Големина на фонт

а а а

Светската здравствена организација во понеделникот соопштила дека глобалниот одговор на долгогодишната закана од маларија е ослабен, со оглед на тоа дека пандемијата на ковид-19 ги нарушила здравствените услуги во многу земји, доведувајќи до десетина илјади смртни случаи минатата година, а прашањата за можните последици оваа година остануваат отворени.

СЗО во последниот светски извештај за маларијата навела дека во 2020-та година имало вкупно 241 милион случаи на оваа болест, што е за 14 милиони повеќе во однос на година претходно. Починале 627.000, што исто е така зголемување за 69.000.

"Околу две третини од овие дополнителни смртни случаи биле поврзани со прекините во давање на превенција, дијагноза и лечење од маларија во текот на пандемијата", соопштила СЗО.


Најголем број на заболени и починати од маларија во 2020-та година имало во подсахарска Африка, најмалку 95 проценти.

Бројките за минатата година сепак можеле да бидат и многу полоши, бидејќи СЗО рекла дека нејзината првобитна проекција предвидувала можно дуплирање на смртни случаи поврзани со маларија во 2020-та година, а многу земји настојувале да ги засилат своите програми за борба против маларија, наведува "ABC News".

"Првата порака е, на многу начини, добра вест. Благодарение на напорите на земјите во кои маларијата е ендемска, мислам дека можеме да тврдиме дека светот успеа да го спречи најлошото сценарио на смртни случаи од маларија кои ги гледавме како веројатно или можно сценарио пред една година", рекол Педро Алонсо, директор на Глобалната програма за маларија на СЗО. "Катастрофалното сценарио не се оствари", додал тој.


Во текот на минатите 15 години десетина земји - вклучувајќи ги оваа година и Кина и Ел Салвадор, се приклучиле на низа земји кои СЗО ги класификувала како слободни од маларија. Но, напредокот во борбата против оваа болест во последните години забавил, а некои земји забележале пораст на бројот на починати од маларија до 2015-та година, што била основната година за стратегијата на СЗО за таа болест.

Во 11-те најтешко погодени земји годишниот број на случаи од маларија пораснал за 13 на 163 милиони меѓу 2015-2020, а бројот на смртни случаи пораснал за повеќе од 54.000 на речиси 445.000 годишно од минатата година, навела СЗО.


Генерално, агенцијата укажала на успесите на минатата генерација.

Алонсо истакнал дека последните години "сепак не сме на пат на успехот" и дека е тешко да се каже како ќе влијае тоа на 2021-ва година и понатаму.



Спонзорирани линкови

Маркетинг