Малезија го добива највисокиот облакодер на светот

Точка

06/12/2021

20:00

10.542

Големина на фонт

а а а

Во Куала Лумпур, Малезија се гради нов облакодер кој ќе биде втората највисока градба на светот. Станува збор за облакодер висок 678,9 метри кој ќе има 118 спратови.

Облакодерот треба да биде комплетиран до крајот на 2022 година. Дизајниран е од компанијата Федер Катсалидир од Австралија, која стои зад облакодерот Австралија 108. Екстериерот на облакодерот во Куала Лумпур е инспириран од малезиската уметност и има триаголни стаклени делови.


Иако во светот се градат бројни облакодери, ретки се оние кои се пробиваат во топ 5 највисоки.

Мердека 118 достигнува висина од 678,9 метри, но таа висина вклучува и "копје", односно врв, а без него висината изнесува 644 метри која е повисока од Shangai Tower, што му ја носи титулата за втора највисока градба на светот. Пред неа е Бурџ Калифа со висина од 828 метри.


Површината на внатрешноста на облакодерот изнесува околу 288.000 километри, поделена на 118 спратови, а одвоени се бизнис деловите, хотелскиот простор, простор за продавница, луксузни апартмани и опсерватории.


Облакодерот се наоѓа на голем простор каде е забрането движење на автомобили, а опкружен е со зелена и водна површина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг