Мистериозен објект е воочен на темната страна на Месечината

Точка

06/12/2021

19:50

25.086

Големина на фонт

а а а

Кинескиот ровер Јуту 2 воочил чуден објект на темната страна на Месечината. После опсервацијата на роверот, објекто бил наречен како "мистериозна колиба", а сега роверот има задача да го погледне од поблиску.

Чудниот објект во форма на коцка првично бил забележан во ноември, соопштил кинескиот научен канал Our Space. Роверот го детектирал на хоризонтот и на оддалеченост од околу 80 метри северно додека поминувал низ кратерот Вон Карман на јужната хемисфера на темната страна на Месечината.

Кинеската национална вселенска администрација ЦНСА објави фотографија од објектот како се подигнува над хоризонтот, додека зад него се гледа темна позадина. На фотографијата е тешко да се воочат детали така што природата на објектот останува нејасна.


Кинезите покажале силен интерес да ја истражуваат "мистериозната колиба", а роверот сега треба да помине два до три лунарни денови, односно два до три месеци на Земјата, на пат до објектот избегнувајќи ги кратерите.

Роверот Јуту 2 пристигнал на темната страна на Месечината на 3 јануари 2019 година и дека се движел околу кратерот Вон Карман широк 186 километри. Овој ровер е дел од кинеската четврта експедиција на Месечината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг