Епидемиологот Каиќ ги опиша симптомите на првите двајца заболени со омикрон сојот во Хрватска

Точка

06/12/2021

18:45

19.100

Големина на фонт

а а а

Првите два случаи на зараза со омикрон, новиот сој на коронавирусот, се потврдени во Хрватска.

Епидемиологот Бернард Каиќ oткрил какви симптоми имале заболените, пренесува хрватски „Дневник“.

„Зголемена телесна температура и како „воз да ги згазил“. Или автобус. Таквите симптоми траат неколку дена“, изјавил епидемиологот на конференцијата за медиуми во Хрватскиот завод за јавно здравје.


Додал и дека двајцата пациенти се испитани и дека запишани се луѓето со кои биле во контакт.

„Не можеме со сигурност да тврдите кој е изворот на заболувањето затоа што не патувале надвор од Хрватска, но можно е да се заразиле во текот на некој работен собир. И останатите учесници на тој работен собир мора да бидат во карантин, а постои можност и дека некој од нив бил носител на вирусот. Сите се повикани на тестирање и денес веќе 13 од нив се тестираа. На собирот имало и странци“, вели Каиќ.

Според неговите зборови и двајцата пациенти кои се заболени се вакцинирани против коронавирусот.


„Од земјите кои имаат повеќе искуство со омикрон сојот на коронавирусот имаме податоци дека заштитата од развојот на средна до тешка клиничка слика е прилично солидна, околу 90 отсто. Заштитата е солидна, но прерано е да се каже колкава е заштитата од поблагите облици. Но, прилично брзо ќе дојдеме и до тие податоци“, изјавил Бернард Каиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг