Макс Ферстапен нема по добро да ја памети синоќешната трка во Џеда.
Имено, холандскиот возач „заработи“ казна од 10 секунди и два казнени поени поради силното кочење и судирот со светскиот шампион Луис Хамилтон.
Генерално, самиот удар беше малку бизарен. Имено, Хамилтон сакаше да го врати своето место на лидерската позиција, по што Ферстапен го успори својот болид и со тоа оствари контакт со британскиот возач.
Холанѓанецот по трката не виде виновник во себе поради судирот со британскиот возач.
„Забавив, сакав да го пропуштам и бев од десната страна, не сакајќи да дојде до контакт, но дојде до тоа и навистина не разбирам што се случи“, изјави Ферстапен.
Редарите не се согласија со него. Причината за казната беше кочењето на начинот којшто доведе до судир.
Очекувано, Хамилтон се согласи со одлуката:
„Не разбрав што се случи таму. Кочев, па се допревме и потоа повторно стана побрз“, изјави Хамилтон.
Ферстапен веќе доби казна од пет секунди во текот на претходната трка. Ниту една казна не менува ништо во врска со неговото второ место во Џеда. Предноста во однос на третопласираниот Валтери Ботас (32) од Мерцедес беше преголема.
Шефот на екипата на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, имаше интересен коментар на сметка на Луис Хамилтон и неговиот Мерцедес.
„Првиот сектор зависи од самиот возач, додека пак секторите 2 и 3 зависат од моќноста на моторот. Секако може да вози во правецот“, изјави Хорнер.