„Од омикрон сè уште никој не починал“, тврди СЗО, а новото откритие на научниците го изненади светот

Точка

06/12/2021

14:29

19.438

Големина на фонт

а а а

И додека појавата на новиот омикрон сее паника ширум светот, се чини дека околностите сепак не се толку лоши.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека досега ниту едно лице не починало од овој сој, и покрај тоа што е детектиран во 38 земји. Австралија и САД се најновите земји кои потврдија случаи на омикрон, а пред нив тоа го направија и Индија, Шри Ланка, Јужна Кореја и Малезија.

Сепак, сè уште не е познато колку е заразен овој сој, дали предизвикува потешка болест и колку вакцините се ефикасни, а експертите истакнуваат дека за тоа ќе бидат потребни недели.


„Ќе пронајдеме одговори кои нѝ се потребни на сите“, изјавил директорот на СЗО за итни ситуации, Мајкл Рајан.

Организацијата предупреди и на стравот дека омикронот би можел да биде „виновен“ за повеќе од половина од вкупниот случаи на Ковид-19 во наредните неколку месеци во Европа, пренесува „Daily Mail“.

Освен тоа, се појавија извештаи од американски научници кои тврдат дека овој сој стекнал барем една од неговите мутации така што презел дел од генетскиот материјал од друг вирус - најверојатно од оној кој предизвикува настинка.

Оваа генетска секвенца не е забележана во ниту една претходна варијанта на коронавирусот, но е присутна кај многу други вируси, вклучително и оние кои предизвикуваат настинки, како и во човечкиот геном, пишува „Reuters“.


„Со преземањето на дел од генетскиот материјал во себе, омикрон станува „почовечки“, што би можело да му помогне да го избегне имунолошкиот систем“, објаснува авторот на студијата, Венки Сундарарајан, вработен во компанија за анализа на податоци со седиште во Кембриџ.

Ваквото откритие може да значи дека вирусот полесно се пренесува, но и дека предизвикува само блага или асимптоматска болест, се наведува во студијата објавена во четвртокот на сајтот „OSF Preprints“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг