Зијеш отворен за сензационален трансфер: Ако се прашувам само јас, тоа сигурно ќе се случи

Дерби

06/12/2021

13:29

2.810

Големина на фонт

а а а

Хаким Зијеш не успеа да се наметне во Челси како што многумина очекуваа, а иако во последно време добива доста шанси од Томас Тухел во отсуство на доста офанзивни фудбалери, Мароканецот никако не може да биде задоволен од досегашната етапа во редовите на Челси.

Крилниот фудбалер е свесен дека нема загарантирано стартно место во Челси и знае каква голема конкуренција има на „Стемфорд Бриџ“, па ако се суди според неговата изјава, нема да биде премногу чудно ако во блиска иднина одново се врати во клубот во кој и се претстави на фудбалска Европа.

Холандските медиуми пренесуваат дека Ајакс може да тргне во потрага по крилен фудбалер, а ситуацијата на Зијеш во Челси отвора опција за сензационален кам-бек во Амстердам.

– Навистина би сакал еден ден да се вратам во Ајакс, минав фантастично време во тој клуб. Во Ајакс се чувствувам како дома, а дали ќе се вратам таму, ќе каже само иднината.

– Ако се прашувам јас, дефинитивно ќе се случи тоа во еден момент. Сепак, не зависи само од мене, мора да им ја препуштам работата на директорите. Јас се обидувам да уживам во секој ден и во секоја шанса која ја добивам на теренот. Ќе видиме што ќе донесе иднината, но се надевам дека ќе се случи такво нешто, – вели Зијеш во интервјуто за „Циго Спорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг