Алегри за неверојатната статистика: Нема полоши од нас во Серија А…

Дерби

06/12/2021

13:27

1.268

Големина на фонт

а а а

Јувентус вчера го одигра најдобриот меч од стартот на сезоната и буквално ја остави Џенова без никаков одговор, но и оваа средба докажа дека фудбалерите на Масимилијано Алегри имаат еден голем проблем, а тоа е реализацијата.

„Старата дама“ испрати 27 удари во текот на натпреварот, дури 12 беа директни кон голот на Џенова, но само две топки завршија во мрежата на Сиригу, од кои првата со директен удар од корнер на Квадрадо.

Од друга страна, Јуве демонстрираше најдобро дефанзивно издание и не му дозволи на противникот да испрати ниту еден удар кон голот на Шчесни, но Алегри немаше проблем да признае дека неговиот тим е убедливо најлош во Серија А кога е во прашање реализацијата на стопроцентните шанси.

– Како да сакавме да потврдиме дека сме најлоши во реализирање на големи шанси за постигнување гол. Ние сме најлоши во Серија А и тоа го потврдивме со натпреварот против Џенова.

– Наспроти тоа, мора да признаам дека уживав да го гледам тимот овојпат. Едноставно мора да ја подобриме нашата ефикасност пред голот, тоа многу ќе ни помогне во иднина на сите натпревари, – додаде Макс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг