Играч на Честерфилд постигна гол, па брутално го истрола легендарниот Пол Сколс со својата прослава

Дерби

06/12/2021

12:28

2.216

Големина на фонт

а а а

Покрај големите возбудувања во најсилните лиги во Европа, вчерашниот ден донесе и пресметки во ФА Купот, а бидејќи станува збор за раната фаза каде играа понискорангирани тимови, овие средби не привлекоа големо внимание.

Сепак, една прослава од пресметката меѓу Салфорд и Честерфилд кружи на социјалните мрежи и стана вирален хит во Англија, бидејќи во ситуацијата брутално се трола легендарниот играч на Манчестер Јунајтед.

Лијам Мандевајл беше стрелец во победата на Честерлфилд над Салфорд од 0:2, но најмногу го сврте фокусот на себе со својата прослава со која јасно му фаќаше сеир на Пол Сколс.

Мандевајл алудираше дека му ги гризе ноктите на својот соиграч за време на прославата, што е резултат на бизарното видео кое се појави во јавноста, а на кое се виде како легендарниот Сколс и ги грицка ноктите на нозете на својата ќерка.

Фудбалерот на Честерфилд неслучајно доби инспирација да слави вака против овој противник, бидејќи Сколс е еден од косопствениците на Салфорд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг