CNN: САД ќе објават дипломатски бојкот на Олимписките игри во Кина

Точка

06/12/2021

12:27

3.285

Големина на фонт

а а а

Се очекува дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден наскоро ќе го потврди дипломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг од 4-ти до 20-ти февруари, јавува "CNN", додека Кина се заканува со противмерки.

Бајден неодамна рекол дека САД размислуваат за дипломатски бојкот на Олимписките игри во Пекинг. Изворите кои се запознаени со размислувањето на администрацијата претходно за "Reuters" изјавиле дека постои се поголем консензус внатре во Белата куќа американските службеници да се држат подалеку од Олимписките игри во Пекинг. Но, Белата куќа не сакала да ги коментира извештаите на "CNN".


Американските спортисти сеедно би требало да настапат во Пекинг

"CNN" додал дека американскиот бојкот нема да ги спречи нивните спортисти да се натпреваруваат на Игрите.

Организациите за човекови права го обвинуваат кинеските власти за грубо кршење на правата, посебно на ујгурското муслиманско малцинство, како и репресијата во Тибет, Хонг Конг и некои други автономни региони. Поради тоа, како и претходно на Летните Олимписки Игри во 2008-ма година, има се повеќе барања за бојкот на Игрите. Меѓутоа, дипломатскиот бојкот не влијаел на настапот на спортистите.


Од Кина веднаш дошол одговор. Портпаролот на министерството за надворешни работи, Жао Лијиан, ги предупредил сите да престанат да повикуваат на бојкот на Игрите, за тоа да не го загрози кинеско-американскиот дијалог и соработка за важни прашања.

За разлика до САД, Рускиот претседател Владимир Путин веќе ја најавил својата посета на Пекинг за време на Зимските игри, иако на Русија и нејзините спортисти им е забрането да учествуваат на Игрите под државното знаме и симболи.


Руските спортисти во Пекинг 2022 ќе мораат повторно да се натпреваруваат под неутралните симболи на Меѓународниот олимписки одбор, со оглед на тоа дека Русија како земја и натаму е казнета поради допинг на Игрите во Сочи во 2014-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг